П А Р О Х И С К И    Д Е Н    П  Р  О  М О  Ц  И  Ј  А  

     По повод нашиот православен празник Воздвижение на чесниот и животворен крст - КРСТОВДЕН идната Сабота 27 септември 2008  се организира парохиски ден  и тоа:

 

-         Во 8:00 часот наутро се Богослужи утрена со чинот воздвижението (изнесување) на крстот и поклонување пред него - На Крстот Твој се поклонуваме, Владико, и светото твое воскресение го славиме.

 

-         Во 8:30 ам во црковниот двор пречекување на надлежниот Митрополит Преспанско - пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски Господин ПЕТАР,

-         Од 9:00 ам Света Архиерејска Божествена Литургија на која ќе чиноначалствува Дедото Владика Петар во сослужение на парохиските свештеници , пеат псалтите и хорот

-         Света причест, архипастирска духовна - родителска поука за значението на сведенот , честитање на празникот и давање света нафора.

 

-         Од 12:00 часот напладне во црковната сала на 69 Ангове Ст. Нортх Пертх се организира ПАРОХИСКИ ДЕН ПРОМОЦИЈА  на црковната книга  ИЗБОР  НА  МЕСЕЧНИ  И ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ  прв том  (Септември - Јануари).  

-         Посен ручек за сите верници и парохијани во чест и слава на Крстовден и  почит кон гостите.

-         Почитувани семејства Ве потсетуваме ова година Крстовден е во Сабота на трпезата се јаде масло, овошна храна и вино, а сирење, јајца и риба никако не смееме да вкусиме!  Напомена до домакинките за именденот  - визитите и славата можат да готват јадења со масло и вино.

 

Ја користиме можноста на сите наши верници,  поединци и семејства да им го честитаме имениот ден  (визитата) и славата повесели и радосни за многу, многу  години да си го славиме и честитаме Крстовден.

 

Затоа браќа и сестри, повелете на духовната трпеза Светата Архиерејска литургија  во храмот и на парохискиот ден - промоција со посен ручек во тремот- црковната сала.

 

Со посебна братска христијанска почит,

Поканува Црковната Управа при МПЦО "Свети Никола".