Парохиски Вечеринки  
 

Парохиски вечеринки со цел да се помогне изградбата на новата парохиска црква до сега имаат организирано следниве социјални групи на македонците од Перт Западна Австралија:


  • Доселениците од Перт Западна Австралија од село Мислешево
  • Доселениците од Перт Западна Австралија од село Волино
  • Доселениците од Перт Западна Австралија од македонското културно здружение ВМРО ДПМНЕ
  • Доселениците од Перт Западна Австралија од регионот Дебрца заедно со македонското културно здружение ВМРО ДПМНЕ
  • Кичевскиот,Гостиварскиот, Тетовскиот и Поречкиот крај



Следниот парохиски црковен караван ќе го организираат иселениците од Струмица и според програмата ќе се одржи во Јуни оваа година.


 

Ц Р К О В Н И О Т  К А Р А В А Н  П Р О Д О Л Ж У В А

Во чест на Божикните, Новогодишните и Богојавјенските празници, а продолжуваеќи ја идејата за собирање на средства за градба на нова соборна македонска православна црква во Перт,Западна Австралија, како дел од црковниот парохиски караван,замислен така да пропатува низ сите делови од Македонија односно од оние делови од каде што потекнуваат нивните прадедовски корени и се населиле во овој прекрасен Западо Австралски град.  

Овој пат, честа да го организираат овој петти по ред црковен парохиски караван им припадна на иселениците од Кичевскиот,Гостиварскиот, Тетовскиот и Поречкиот крај, кои претходно го презедоа од доселениците од славна Дебрца и Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Перт и Западна Австралија.Иако иселениците од овој крај на Македонија не се многубројни, сепак со помош на нивните големи македонски срца и многубројните стекнати пријатели во овој град и другите населени места во Западна Австралија, на 10 Јануари оваа година во преполнетата сала во Македонскиот Културен Центар " Илинден " организираа една прекрасна и незаборавна вечеринка.   

После најавата на програмата од страна на водителот на оваа вечер г-дин Боби Серафимоски, гостите беа топло поздравени од долгогодишниот македонски активист од овој град г-дин Стојмир Спасески кој се осврна за значењето на оваа вечер и даде кратка историја за делот од Македонија од каде што потекнуваат организаторите на овој караван.  

После благословувањето на вечерата и кршењето на светиот леб од страна на парохискиот свештеник протоереј Веско Каранфиловски, организацијата на следниот црковен парохиски караван го презедоа иселениците од Струмица .  

За доброто расположение најголем допринос имаат членовите на музичката група "Фантазија " кои за оваа вечер доброволно се ставија на располагање и по чија вина многубројните гости останаа до доцните полноќни часови.   

И повторно, кој знае покој пат, кога се работи за помош за градба на нова црква, вкусно припремената вечера беше дело на мајсторите на македонаската кујна Мирче, Благоја и Илинка Спасески како и на сите домаќинки од овој крај кои грижливо и вешто припремија македонски традиционални слатки и на сите оние кои со своите даренија доприносија за зголемување на приходот од оваа вечеринка.

Според изјавата на Одборот за припреми на овој караван,на вечерта бил остварен приход од над 12 иљади долари.  

Голем допринос за успешноста на оваа вечер покрај членовите на Одборот има и 24 часовното македонско радио МАК ФМ 103.3 со секојдневното известување и се разбира и желбата на на сите иселеници од Македонија за изградба на нова соборна македонска православна црква.


  
Мислешево 
Мислешево е најблиското село до градот Струга И се наоѓа на околу 2 км североисточно од него. Отсекогаш било, а И денес е, едно од најголемите села во струшкото поле. Се наоѓа во струшката котлина, на десната, источна страна на реката Црн Дрим, на околу 700 метра надморска височина.   

 
Волино  
Селото Волино е во близина на градот Струга но е дел од општина Дебрца. Во селото има две Цркви Света Недела и Свети Никола.

 

  

 

VMRO DPMNE

На 23 октомври 1893 година (стар стил) во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, кое што ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – професор, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Aрсов – професор, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – професор, родум од с.Гуменџе, Ениџе Вардарско, основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.

Vo Pert Zapadna Avstralija deluva kako kulturno socijalno zdru`enie koe ima za cel da ja {iri makedonskata kultura I da razviva most pome|u Avstralija i Makedonija implementira}i go mototo na Goce Del~ev:

>>Jas go razbiram svetot kako pole za kulturen natprevar pome|u narodite<<

 

   

Дебрца  
Регионот Дебрца го зафаќа југозападниот дел од Република Македонија помеѓу Кичево и Охрид.  Прво село на јужниот дел на Дебрца е селото Ботун а на северниот дел е селото Пресека. Да наброиме неколку од селата на Дебрца: Белчишта, Песочан, Сливово, Новосело, Средорече, Велмеј,  Слатино, Мраморец, Лактиње, итн.