Почитувани, сонародници браќа и сестри - верници,
Црковната Управа при МПЦО "Свети Никола" во Норт Перт, Западна Австралија, ви ги честита престојните Велигденски празници во ова 2009 Лето Господово и ви посакува добро здравје, успех во работата и школото, во сите ваши куќи и семејства среќа, радост, напредок и секоја убавина од Воскреснатиот Господ Бог мир и благослов во вечни векови. Амин.
“Христос воскресе”! - “Навистина воскресе”!
По повод престојните Велигденски празници ја достава следната програма и соопштение:
11-ти Април 2009 (Сабота)
Лазарева сабота утрена со Света Литургија, света причест, поука, честитање празникот, имениот ден, славата и давање .
12-ти Април (Недела) ЦВЕТНИЦИ- Palm Sunday
утрена-благословување палмови и маслинови гранчиња, Света Литургија пее прекрасниот црковен хор "Свети Климент Охридски", света причест, поука, честитање празникот, имениот ден, славата, земање од осветените гранчиња и св.нафора.
16-ти Април (Голем Четврток Велики Четврток - Great Thursday)
утрена со Света Литургија пее хорот, 10.30 света причест и нафора.
Вечерта од 7.30 часот : Читање на 12-те Христови страдални свети евангелија.
Светата црква е отворена цела вечер! ИСПОВЕД.
17-ти Април (Голем Петок/ Велики Петок - Great Friday / Good Friday)
8.00 наутро читање на Царските часови / правење ГРОБОТ ХРИСТОВ со босилок и цвекиња од нашите верници. ИСПОВЕД.
Вечерта од 7.30 часот читање на (трите Статии) оплакувањето и погребението Христово (пеат хорот и верниците). Св. црква е отворена цела ноќ!
18-ти Април (Голема Сабота / Велика Сабота - Great Saturday)
утрена со Света Литургија околу 10.30 давање света причест и нафора.
Пред полноќ (Сабота вечер) на ПОЛНОЌ - Велигденска ноќ - од 11.00 рм св.воскресна Богослужба, облекување дечиња, опход околу св. црква.
Точно во 12.00 часот на ПОЛНОЌ ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ВЕЛИГДЕН 2009 Лето Господово, читање на посланица и честитање на празникот со велигденскиот поздрав "Христос воскресна" одпоздрав "Навистина воскресна"!
Веднаш започнува Велигденската Света Златоустова литургија, пее хорот, раното околу 3.00 ам ќе има света причест.
19-ти Април (Недела) ПРВ ДЕН ВЕЛИГДЕН –2009-та:
Воскресна Велигденска Света Богослужба во 8.00 часот наутро, а околу 10-10.30 свето причестување за верниците.
ПОПЛАДНЕ од 5.00 часот ВТОРО ВОСКРЕСЕНИЕ читање на Светите Евангелија.
20-ти Април (Понеделник)
ВТОР ДЕН ВЕЛИГДЕН од 8,00 утрена со Света Литургија пее хорот, света нафора.
21-ви Април (Вторник) ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН
8.00 наутро утрена со Света Литургија, посланица, св. нафора;
23-ти Април (Светол Четврток)
Утрена со Св. Литургија во 8.00 наутро;
24-ти Април (Светол Петок, Источен Петок-Балаклија, градски Велигден)
8.00 наутро Утрена со Св. Литургија, св. причест, поука, нафора.
26-ти Мај (ТОМИНА НЕДЕЛА)
Утрена со Света Литургија пее хорот.
6-ти Мај (Среда) ЃУРЃОВДЕН
утрена со Света Литургија пее хорот.
13-ти Мај (Среда)
Преполовение 25 –ден / познато РУСА СРЕДА.
15-ти Мај (Петок) Свети Атанасиј летен (Танасовден)
Св. празнична Богослужба.
22-ри Мај (Петок)
Свети Никола – ЛЕТЕН – утрена со Св. Литургија
24-ти Мај (Недела)
Св. Кирил и Методиј- утрена со Св. Литургија
28-ми Мај (Четврток)
Вознесение Христово – Спасовден – утена со Литургија
2-ри Јуни (Вторник )
Св. мч. ТАЛАЛЕЈ- утрена со Литургија
3-ти јуни (Среда)
Св. цареви Константин и Елена – утрена со Литургија
6-ти Јуни (Сабота)
Духовденска ЗАДУШНИЦА- Ден на ПОКОЈНИТЕ.
7-Ми Јуни (Недела)
Слегување на Св. Дух – Духовден (СВЕТА ТРОИЦА) утрена со Литургија и вечерна со молитвите (ОРЕВОВИ ЛИСЈА).
13-ти Јуни (Сабота навечер)
со почеток во7:30рм во просториите на МКЦ “Илинден”- Балката, Одборот СложниСтрумичани со своите пријатели организираат ЦРКОВЕН ПАРОХИСКИ КАРАВАН 2009 за градба нова Соборна Македонска Православна Црква “Св. Никола” при нашата парохија.
Сите наши благоверни семејства и поединци, кои си имат во овој период домашна слава и именден (визита) честито и вековито за многу, многу години да си ги честат заедно со сите нас догодина повесели и радосни. Амин!
“ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ - НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ” !
“CHRIST IS RISEN ! - HE IS RISEN INDEED”!
Со посебна братска христијанска почит,
Од Црковната Управа при МПЦО “Свети Никола”, Перт Западна Австралија


